-Повеќе загрижува фактот што според статистичката евиденцијата, имаме пад на старосната граница на лицата кои оствариле контакт и со наркодилерите и кои се регистрирани како наркозависници во нашата служба. На 14-годишна возраст имаме регистрирано лице кое е наркозависник на опојна дрога марихуана, додека на 16 години имаме лице кое е зависник на хероин. -вели Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.
Тој ја објаснува дека Охридската полиција континуирано превзема оперативни и превентивни активности, кои се во насока на сузбивање на овој вид на криминалитет.
–Околу две години го спроведуваме проектот „Дрога, вистина и заблуди“. Тоа е еден голем проект во кој до сега се едуцирани околу 25 000 ученици од основните и средните училишта низ Охрид, како и 9 000 нивни родители. Нашите полициски службеници се 24 часа присутни околу училиштата во градот и тоа е една од превентивните активности кои ги спроведуваме. -вели Димоски.
Тој нагласи дека денививе со помош на училишните педагози, психолозите и медиумите, ќе биде заокружен еден дел од реализацијата на овој проект, со што проблемот со зависноста од дрога ќе се подигне на едно повисоко ниво и ќе се направи поширок фронт на борба против ова зло.