Веќе еден месец  водостојот  на Охридскто Езеро е на најниско ниво забележано во последните 10 години поради што загрозени се сите видови риба во езерото, предупредуваат спортските риболовци. “Водата во каналот студеншишта е намалена за 80 сантиметри, а поради недостиг на кислород плашицата излегува на површината од водата“, вели спортскиот риболовец Борче Секулоски.

Имаме сознанија дека “Водовод“ ја црпи водата од Билјанини извори за потребите на градскиот водовод. Хидробиолошкиот институт ненма сознанија за проблемот, а доколку нешто не се промени, односно не биде пуштена вода во каналот може да дојде до помор на плашицата, велат спортските риболовци.

Според нив падот на нивото на водата во Охридското Езеро делумно се должи на сушата, но тие предупредуваат дека браната на Дрим е ширум отворена и водата се  одлева за потребите на хидроцентралите. Тие велат дека последен пат вака ниско ниво на вода во Охридското Езеро било забележано пред десет години, но дека тоа траело краток период. На официјалниот сајт на Управата за хидрометеролошки работи стои податок дека нивото на вода во Охридското Езеро е на 10 сантиметри од критичната точка.

подготви:

Горан Момироски