Наталитетот во Македонија е во опаѓање, предупредуваат педијатрите. Според нив доколку негативниот тренд продолжи и натаму, на одредени региони им се заканува изумирање.
Популацијата на деца од 0-14 години ни опаѓа. Интересот за раѓање во вакви неповолни услови исто така паѓа . На тоа треба да се работи не само ние педијатрите туку и владата, црквата и целата општествена заедница, заради тоа што има региони кои што изумираат, предупредуваат од Здружението на педијатрите на Македонија.
Во организација на ова здружение во Охрид во тек е 4-от Конгрес на педијатрите на Македонија на кој учествуваат над 800 лекари од земјава и странство.
ohridnews