Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2010 се издадени 154 одобренија за градба, што е за 34,7 отсто помалку во споредба со истиот месец лани.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1,026 милијарда денари, што е за 46,5 отсто помалку во споредба со истиот месец од претходната година. Од вкупно 154 објекти, на 122 од нив, како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 32 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 123 се наменети за објекти од високоградба, 10  за објекти од нискоградба и 21 за објекти за реконструкција.

OhridNews