Во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а регистрирани се 141 случај на ковид-19, од кои два нови и во Охрид. Во Скопје и денеска има најмногу новодијагностицирани -51, во Куманово 19, Струга 16, Штип 15.

Починати се четири пациенти, двајца од Скопје (54г. и 55г.), пациентка од Кавадарци (69г.), и пациент од Свети Николе (70г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 125128 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12653, бројката на оздравени пациенти е 9123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2991.

OhridNews