Во последните 24 часа, во земјава се направени 1525 тестирања, а регистрирани се 237 нови случаи на ковид-19, од кои 13 во Охрид и 11 во Струга. Најмногу нови случаи и денеска има во Скопје 123, Куманово 15, Каварадци 11, Прилеп 8, Тетово 7…

Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје (75г), двајца од Куманово (61 и 65г), еден од Штип (71г), еден од Битола (66г), еден од Охрид (79г), еден од Радовиш (75г) и еден пациент од Кочани (67г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 460 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 404.347 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84024, бројката на оздравени пациенти е 62929, на починати е 2530, а бројот на активни случаи изнесува 18565.

OhridNews