Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија утре, 9 мај во 10:30 часот во спортската сала или полигонот во ООУ „Св.Климент Охридски” Охрид ќе се одржат регионалните спортски игри за Третиот регион за ученици со посебни потреби во основното образование.

Учениците ќе се натпреваруваат во тробој (трчање на 50 м. скок во далечина од место и фрлање ѓуле), полигон, пинг-понг, кошарка и мал фудбал. За ученици до 1-5 одд. организирани се штафетни игри, информираат од училиштето.

На игрите ќе учествуваат ООУ „Св. Климент Охридски“- Охрид, ООУ „Св. Климент Охридски“-Прилеп, ООУ „Св. Климент Охридски“- Македонски Брод, ООУ „Браќа Миладиновци“- Струга, ООУ „Страшо Пинџур“- Кавадарци и Дневен центар при ЈУМЦСР -Гевгелија.

OhridNews