ООУ „Свети Климент Охридски” Охрид со свечена програма ќе го одбележи патрониот празник. Програмата ќе започне во 18.30 часот со продажна акција на рачно изработени творби во организација на Совет на родители.
Од 19.30 часот во НУ „Центар за култура Григор Прличев”- Охрид ќе започне свечената програма во рамки на која се предвидени настапи подготвени од учениците и наставниот кадар во училиштето, а ќе се обрати и директорот на училиштето Јордан Пуроски.
На 8 декември предвидено е полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во дворот на училиштето во 10 часот.
OhridNews