Три децении обединети во верата и вербата, во исцелителната моќ на Светителот и Просветителот, ООУ „Св.Наум Охридски“ го одбележа патрониот празник.

Наумовото епохално дело и света мисија се должни за почит и поука за идните генерации дека чувањето на културната и јазична посебност се исконска должност, рече во своето обраќање директорката на училиштето, Валентина Рубаноска.

Во рамките на јубилејниот патронат беше изведен уметничкиот перформанс „Слушни го езерото“ во изведба на Наумовите ученици под раководство на нивните ментори.

 

Создадовме инспиративни, креативни и универзални стихови кои мислат и говорат на прекрасен изворен македонски јазик, на кој и сонцето сака да не поздрави и ќе не поздравува колку што ќе огрева и колку што ќе зајдува, низ вековите во идни времиња, рече во своето поетско послание, Рубаноска која е рецензентот на стихозбирката.

Промотори на стихозбирката беа директорката на градската библиотека Григор Прличев, Христина Трпоска и професорката по македонски јазик Милица Ристевска.

Поетски стихови читаа Наумовите креативци, членови на литературната и рецитаторската секција.

Фото галерија:

ООУ „Св.Наум Охридски“ го одбележа патрониот празник

OhridNews