Стручните служби во ООУ „Св. Климент Охридски” изработија едукативно видео во пресрет на уписите за прво одделение за учебната 2025/ 2026 година.
Во видеото се опфатени практични вежби, совети и насоки за родителите на идните првачиња преку кои физички, емоционално и когнитивно ќе го подготват своето дете за поаѓање на училиште, посочуваат од училиштето.
Изработката на видеото, велат, произлегува од бројните прашања кои родителите ги упатуваат до службите во училиштето во поглед на тоа како да ги подготват своите деца за новите предизвици со кои ќе се соочат и да се решат дилемите дали и колку децата се подготвени за тргнување на училиште.
Инаку, уписите за првачињата за учебната 2025/2026 година ќе се реализира во текот на месец мај.
OhridNews