По повод патрониот празник на ООУ „Св.Климент Охридски”, Охрид, училиштето во соработка со „Нула отпад“ организира еко акција за собирање електронски отпад.

Директорот на училиштето, Јордан Пуроски вели идејата за ваква акција била подолго време разгледувана, а сега во соработка со „Нула отпад“ и ќе се реализира, секако во интерес на самото училиште, но и на месното население.

Целта е да се подигне нивото за селектирање и депонирање на електричен отпад. Ние пример ќе дадеме од нашето училиште на 8-ми декември, а од нашето училиште целиот застарен, расходован отпад ќе биде депониран на соодветно место, нормално во соработка со „Нула отпад“. Исто така, збирно место ќе биде Горна Порта каде сите, целото месно население од стариот дел на градот, ќе може да депонира отпад на самото место. При тоа постои и варијанта за тој што има поголема количина на електорнски отпад, а неможе да го донесе, каде станува збор за погабаритни предмети, да ги контактира од „Нула отпад“ и истите ќе бидат подигнати од нивното место, потенцира Пуроски.

На учениците, додава, им биле поделени флаери со цел да се информираат што повеќе луѓе со цел акцијата да биде успешна, но и да се намали отпадот од овие предмети кои знаеме дека не се распаѓаат.

Акцијата ќе почне во 8 часот на собирно место Горна Порта.

Н.С.Ј.