ООУ „Св. Климент Охридски” врз основ на поднесена апликација е едно од десетте училишта во Македонија кое е избрано и ќе биде дел од проектот Македонија 2025, чија цел е мотивирање и поддршка на млади девојки за избор на образование и кариера во некоја од областите на СТЕМ.
Во заедничаката соработка е планирано да има мотивациски предавања од врвни македонски жени ( од земјава и дијаспората) стручни од областите на СТЕМ, спроведување на истражувања, стручни обуки за 1- 2 наставници, информираат од училиштето.
СТЕМ едукација и кариера – предизвик за девојки и млади жени (WomenInStem) е проект кој ги промовира кариерите (професиите) во СТЕМ областа (наука, технологија, инженерство и математика) со главен фокус на младите девојки/жени.
Преку кампања за промоција на СТЕМ кариерите од жени со успешни кариери во оваа област, ќе ги поттикне и охрабри младите девојки да го направат сопствениот избор. Покрај тоа, проектот ќе обезбеди и истражување за главните бариери со кои се соочуваат младите ученички за да развијат желба и аспирација кон кариерен развој во СТЕМ областа.
Врз основа на наодите од истражувањето, ќе се предложат мерки за намалување на главните бaриери (во семејството, училиштето, општеството).
Крајната цел е подигање на свеста на младите девојки за СТЕМ кариерите, зголемување на бројот на потенцијални студентки во високообразовните институции во СТЕМ областа, намалување и запирање на одливот на мозоци, како и моделирање на кадар кој е високо побаруван на пазарот на труд со вештини, искуство и барање, се наведува во јавниот повик.
OhridNews