ООУ Григор Прличев-Охрид, со организирање на спортско-рекреативни игри се приклучи кон одбележувањето на Европскиот ден на спорт во училиштата.
Целта на овој ден е промовирање и усвојување на здрави навики кај децата, подобра емоционална состојба по пандемијата со Ковид-19, како и исполнување на потребата за другарување и социјализација, велат од училиштето.
На европско ниво организатор и покровител е ЕУ, Европска федерација на спортски педагози и Унгарската Федерација на училишен спорт, а национален координатор на проектот веќе две години по ред е Федерацијата на спортски педагози на Република Македонија.
OhridNews