(чај кој помага при висок холестерол,слабеење без диети, за забрзување на метаболизмот )

Оолонг чаевите спаѓаат меѓу најздравите чаеви кои популарно се нарекуваат „УБИЈЦИ НА МАСНОТИИ” (високиот холестерол, слабеење без диети, за забрзување на метаболизмот).Според степенот ва ферментација спаѓа меѓу зелените и црните чаеви.Теин или кофеин има помалку од црните, а повеќе од зелените.Оолонг чаевите или полуферментираните чаеви можат да имаат зеленикава боја, но може и сивкаста што зависи од степенот на вриење (ферментирање).

Неговите карактеристики повеќе потсетуваат на оние на зелените отколку на црниот, а познат е и  како црвен чај иако доаѓа од истата чаева билка (цамеллиа синенсис) како и другите зелени и црни чаеви.

Дневната доза се препорачува во текот на денот да биде 3-4 шолји. За разлика од зелените и црните чаеви оолонг чаевите поспоро оксидираат, што ги прави подобни за консумирање во летниот период како ладни чаеви и тоа 4-6 часа по нивното приготвување. Најдобро време за консумирање на овој чаев специјалитет е утрото, во текот на денот  односно ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА ФИЗИЧКИ И УМСТВЕНИ АКТИВНОСТИ.

Како се подготвува: подготвувањето на чаевите е многу важно, бидејки ако правилно се подготвуваат тие ќе го дадат својот нутритивен максимум, во спротивно ефектите нема да бидат целосни.

–    температурата на водата: откако ќе проврие водата се остава да се излади 2-4 мин. за да се постигне потребната температура од 85°-95°Ц
–    количина на оолонг чајот: ако приготвувате 2,5-3 дл. чај се става 1кафена лажичка оолонг чај. Ако приготвувате 1литар се става 1супена лажица чај.
–    киснење на чајот: чајот се кисне  во стаклен сад затворен со капак 2-4 мон., а потоа се процедува. Во текот на ова киснење антиоксидансите (катехините) излегуваат на површината и имаат најдобро влијание врз организмот кога чајот се пие.

Чајот најдобро е да не се пие со шеќер, бидејки шеќерот ги намалува  неговите лековити својства. Здравствените бенефити од овој чај се повеќекратни, затоа се препорачува оние што имаат проблеми со висок крвен притисок, висок холестерол, да го вклучат во своето секојдневие. Забрзувајки го метаболизмот допринесува за прочистување на организмот и исто така е прекрасен и вкусен некалоричен освежителен пијалок во топлите денови.

Ако ЛОТОС значи убавина, ВИТА – живот,Чи – животна енергија, тогаш ООЛОНГ чаевите се дар од природата кој ги обединува сите три во едно.

Со ЛОТОС ВИТА – ЧИ до вкусот на ООЛОНГ чаевите…