Честитка по повод празникот 11-ти Октомври, Денот на народното востание, упатија и од општинската организација на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

На одбележувањето на овај историскиот ден кога започна антифашистичката борба за слобода, им оддадеме заслужена почит и благодарност на сите храбри борци и учесници во народно-ослободителното востание кои се вградиле во темелите на македонската државност. Оваа народно-ослободителна борба својот врв го достигна во 1944-тата година, кога на првото заседание на АСНОМ започна остварувањето на повеќевековните идеали на македонскиот народ за основање своја држава. Славејќи ја сопствената историја и чувајќи ја слободата, ние современите генерации македонци, ова наше востание го ставаме на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за слободната, самостојна, независна и суверена држава. Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, се вели во честиткатата од ОО СДСМ Охрид и коалицијата.

OhridNews