Една романска компанија, за само едно евро дневно, им нуди на верниците можност преку интернет да ги испратат своите молитви на свештениците кои ќе ги читаат на службите. Романските верници ги запишуваат молитвите и потоа ги даваат на свештениците кои ги читаат за одредена цена. Верниците воглавно молат за здравје, добри резултати на испити, среќни бракови и простување на гревовите.
Православните верници сега можат да платат по едно евро дневно или 24 евра месечно како би се читале нивните молитви. Моментално со оваа понуда биле покриени само четири цркви. Романската православна црква, на која припаѓаат 85 проценти од романците, наводно не го одобрувала овој потег бидејќи со него се поттикнувала мрзеливоста.