Денес е 1-ви септември. Ден кога вообичаено се слуша првото училишно ѕвонче. Од добро познати причини почетокот на новата учебна година е пролонгиран за 1 октомври, а до тогаш ООУ “Григор Прличев” подготви активности со кои ќе ги мотивира своите ученици да ја задржат позитивната мисла и енергија со едно единствено мото: Се’ ќе биде добро!
Имено, на официјалната facebook страна на училиштето во живо ќе се одржи краток настан со изведување на весели спортски вежби од страна на наставничката по физичко и здравствено образование на кој од своите домови можат да се приклучат сите деца од најмала до најголема возраст .
Менталното здравје на децата во ова време е најважно, велат од училиштето.
Настанот “ОСТАНИ #cool” ќе се емитува во живо yтре, 2 септември, во 18:45 часот на официјалната facebook страна на училиштето.
OhridNews