Драмското студио Цвет 75 за деца и млади, на YouTube ја објави претсатавата „Изгубени во паркот“. Претсавата е припремена преку платфотмата „Zoom“ по повод Нова година и Божиќ.

Во претставата се зборува за ликови од бајките сместени во денешно време, кои се изгубени во парк, но некако на крај успеваат да го најдат тоа што го бараат. Тука се Принцезата на зрно грашок, Ивица и Марица, самовилата, вештерката, принцот, волкот. Секако тие треба да внимаваат и на чистотата во паркот и да јадат здрава храна.

Претставата е работена по текст на Драгана Боцеска, која воедно беше и ментор на младите актери. Учествуваат: Сара Петкоска, Лина Боцеска, Мила Милошеска, Јон Георгиевски, Александра Петреска,Софија Стефановска и Ангела Ивановска, сите од Охрид.

Онлајн претстава на Драмското студио Цвет 75 за деца и млади по повод празниците

OhridNews