Министерот за здравство Венко Филипче најави дека периодот на забрана за движење во текот на претстојниот продолжен викенд за празникот Први мај, ќе зависи од проценката дали граѓаните ќе ги почитуваат во целост препораките за заштита од ширење на коронавирусот.

Владата и медицинските власти во следниве неколку дена ќе го следат придржувањето на граѓаните во однос на мерките за социјална дистанца и обврската за носење на заштитна опрема, после што ќе се донесе одлука дали за престојните првомајски празници полицискиот час ќе биде продолжен и ограничувањето на движење ќе биде во сила и во петок. – рече министерот Филипче на денешната онлајн прес конференција што ја одржа заедно со директорката на ДСЗИ Сотирова-Бухова.