Завод и Музеј Охрид продолжува со реализација на изложбената програма преку дигитални алатки. Преку краток видео материјал претставена е самостојната изложба на ликовниот уметник Лидија Вујисиќ насловена „Бесконечни морфолошки варијации“.
Lidija Vujisic works, music ,Mozart Divertimento in Bdur
Почитувани,продолжуваме со нашата изложбена програма. Овојпат преку еден краток видео материјал имаме чест да ви ја преставиме самостојната изложба на ликовниот уметник Лидија Вујисиќ насловена Бесконечни морфолошки варијации.Лидија Вујисиќ е родена во Скопје во 1957 година. Средно уметничко училиште завршува во 1976-та година во Ниш на отсекот за графички дизајн. Дипломира во 1985-та година, во првата генерација студенти на ФЛУ во Скопје на отсекот графика . Од 1986 година работи како професор во Средното Ликовно Училиште “Лазар Личеноски” во Скопје. Самостојни изложби:2018 Мултиплицирани реалности (заедно со Мирко Вујисиќ и Марко Вујисиќ) Галерија Робевци ,Охрид.Мултиплицирани реалности (заедно со Мирко Вујисиќ и Марко Вујисиќ) Спомен куќа Ванѓел Коџоман,Струга2017 ‘’Параидеологија’’ Отворено Графичко Студио Скопје2015 Изложба на графики Дом на Култура ‘’Никола Вапцаров’’ Делчево2012 Изложба на графики и цртежи, Уметнички салон ,Велес2011 Изложба на графики и цртежи, Галерија Робевци ,Охрид1990 Изложба на графики Дом на Култура ‘’Григор Прличев’’ –Охрид1988 Изложба на графики Национален Музеј КумановоИзложба на графики,Уметничка галерија БитолаИзложба на графики, Национален Музеј, Врање,Србија1987 Изложба на графики, КИЦ Скопје1986 Изложба на графики Галерија ‘’Сунце’’,Лесковац, СрбијаОд 1982 година учествувала на многубројни групни изложби во земјава и странство(Р.Македонија, Србија,Хрватска, Босна, Јапонија ,Германија, Австралија, Романија, Бугарија Франција)Куратор на изложбата е м-р Сашо Блажески кој за делата на изложбата ќе каже:Компарацијата која стои во базисот на ликовниот ракопис на Лидија Вујисиќ е генезата на ликовната форма, играта помеѓу макро и микрокосмосот преку структуралните планови кои сугерираат мултиплицирана семнификација на еден сопствен универзум.Нејзиниот цртеж делумно прогресивно продлабочен не повикува да навлеземе во еден универзум каде формите како што далечината ги намалува стануваат почудни а истовремено и попрецизни и поослободени од материјата. Поврзувањето на линиите, кривите, на симетралната и десиметралната конфигурација во просторот пулсираат во еден жив ритам каде рационалноста на организирање инклузивно во интуитивната сфера на перцепција, расветлуваат еден сопствен карактер на границите и контурите кои ја дефинираат и редефинираат формата. Авторот помеѓу абстрактната формула , декоративната формула и фигуративната формула остава да се види еден паралелизам, од една страна преку структуралните ритмички решенија и арабески а од друга преку сугерирањето на различните фигури во согласност со контурата водилка. Преку оваа дијалектика на органските форми Вујисиќ го контролира просторот создавајќи од него “идеален медиум” во кој формите се повикуваат и одговараат едни на други компонирајќи се и дескомпонирајќи се истовремено субординирани на сентименталната имагинација на продуктивните и интуитивните односи во естетската свесност.М-р Сашо Блажески
Geplaatst door Zavod i Muzej Ohird op Maandag 25 mei 2020
Компарацијата која стои во базисот на ликовниот ракопис на Лидија Вујисиќ е генезата на ликовната форма, играта помеѓу макро и микрокосмосот преку структуралните планови кои сугерираат мултиплицирана семнификација на еден сопствен универзум. Нејзиниот цртеж делумно прогресивно продлабочен не повикува да навлеземе во еден универзум каде формите како што далечината ги намалува стануваат почудни а истовремено и попрецизни и поослободени од материјата. – вели кураторот на изложбата беше м-р Сашо Блажески
Лидија Вујисиќ е родена во Скопје во 1957 година. Средно уметничко училиште завршува во 1976-та година во Ниш на отсекот за графички дизајн. Дипломира во 1985-та година, во првата генерација студенти на ФЛУ во Скопје на отсекот графика . Од 1986 година работи како професор во Средното Ликовно Училиште “Лазар Личеноски” во Скопје. Од 1982 година учествувала на многубројни групни изложби во земјава и странство (Македонија, Србија,Хрватска, Босна, Јапонија ,Германија, Австралија, Романија, Бугарија Франција).
OhridNews