После долги години „доминација“ на телевизиите во информирањето на граѓаните за политички теми, перцепција создадена главно со погрешно насочување на испитаниците во анкетните прашалници, ЕВРОМЕТАР 2023 конечно го потврди она што е општо познато и без анкети – дека граѓаните доминантно за сите теми, вклучително и за политичките, се информираат преку интернет пренесува Плус инфо.

Како што додаваат од Плус инфо, уште анкетата на Евростат за 2021 година покажа дека мнозински 72 отсто од македонските граѓани на возраст меѓу 16 и 74 години го користеле интернетот за читање на онлајн медиуми или за информирање преку електронските верзии на весниците Ова е идентичен процент со просекот на земјите-членки на ЕУ.

Целиот текст на линкот https://plusinfo.mk/onla-n-mediumite-se-povli-atelni-od-televiziite-anketata-evrometar-2023-go-potvrdi-ona-shto-site-go-znaat/

OhridNews