– Се информира албанската јавност во БЈРМ дека на ден 28.04.2010 кај месноста Студен на Скопска Црна Гора каде се наоѓал пункт за снабдување на ОНА нашите војници наидоа на заседа на вооружените сили на славомакедонците, се вели во соопштението.
Во истото стои и неточна информација дека во инцидентот е убиен еден припадник на специјалната полициска единица, а еден војник на ОНА бил полесно повреден. Во соопштението уште се наведува дека ОНА продолжува да дејствува на сите делови на БЈРМ каде има албанско население.
По повод комуникето на ОНА со став се огласи владејачката ДУИ која ги повика граѓаните да не подлегнуваат на провокации бидејќи единствен легитимен командант на ОНА е Али Ахмети.