Делови од средна и источна Европа, кои што зимава беа зафатени од снежен и студен бран, би можеле наскоро да се најдат во нови потешкотии, кога снегот ќе почне да се топи.

Вакво предупредување издаде Агенцијата за намалување на ризици од катастрофи при Обединетите нации (UNISDR), укажувајќи на опасност од поплави, пренесува „Макфакс“.

Температурите во Бугарија и Романија, според временски прогнози, деновиве ќе се зголемат за осум до десет степени, што ќе доведе до топење на ледот на Дунав, укажува UNISDR.

„Додека илјадници лица и натаму се затрупани од снегот во Србија и Бугарија, постојат знаци кои наговестуваат дека разорни поплави можат да загрозат човечки животи и економски добра“, се истакнува во соопштението.

Неодамнешниот студен бран во некои делови на Европа однесе над 600 човечки животи.

OhridNews
извор: „Макфакс“