Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) вечерва ја прифати резолуцијата со која се воведува зона забранета за летови на небото над Либија, јавува „Макфакс“.

Советот за безбедност на ОН покрај резолуцијата ги одобри „сите неопходни мерки“ за заштита на цивилното население од нападите на силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи.

За резолуцијата која е изгласана непосредно пред полноќ, позитивно се изјаснија десет членки на Советот за безбедност додека останатите пет беа воздржани. Воздржано гласаа меѓу другите Русија и Кина кои се постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

OhridNews
извор: „Макфакс“