Поранешниот англиски репрезентативец Џон Тери 18-ет од 20-те сезони во професионалниот фудбал помина во редовите на Челси. Тери ги помина сите категории во клубот, а од дебито до последниот меч на грбот го носеше дресот со бројот 26.
Причината за истиот број во текот на целата кариера лежи во дебито и првиот меч во дресот на „сините“. Тери кој подоцна беше капитен и најголема ѕвезда во екипата не го промени бројот на дресот. Во англиската селекција Тери го носеше дресот со бројот 6.
- Кога дебитирав во дресот на Челси го носев дресот со бројот 26. На трибините видов неколку симпатизери со името мое и бројката. Тогаш одлучив да го задржам бројот и да не ги изложам симпатизерите на дополнителни трошкови. – изјави Тери.
Професионалната кариера Тери ја заврши во Астон Вила, а една сезона во периодот додека беше член на Челси помина позајмица во Нотингем Форест.
OhridNews