Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 847 цивили биле убиени и 1.399 ранети во Украина до 18 март.
Повеќето од жртвите настрадале од експлозивно оружје, како што е гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи со повеќекратно лансирање, како и ракетни и воздушни напади, соопшти ОХЦХР.
Се смета дека реалниот биланс е значително поголем бидејќи ОХЦХР, кој има голем тим за набљудување во земјата, се уште не може да ги потврди извештаите за жртвите од неколку тешко погодени градови, се додава во извештајот.
Украинските власти синоќа соопштија дека само во борбите околу Харков се убиени најмалку 260 цивили откако руските трупи ја нападнаа Украина пред речиси еден месец. Меѓу загинатите има и 14 деца, јави ДПА.
OhridNews