Иако половата еднаквост, со Устав е загарантирана во 139 земји во светот, за милиони жени на планетата тоа и понатаму е само „мртва буква на хартија“.
Жените сочинуваат повеќе од една третина на народните избраници само во 28 национални парламенти.
Во извештајот кои е насловен како „Напредок на жените во светот: Во потрага по правдата“, се потенцира дека на жените често им се ускратува контролата врз сопственото тело, не се прашуваат за донесување на никакви одлуки и не им се пружа никаква заштита од насилство. Понатаму во извештајот стои дека во 117 земји жените се помалку платени, дури и за 30 отсто, од мажите, иако во тие земји постојат закони со кои се гарантира еднаквост на половите.
извор: „Макфакс“