Службата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) драстично го намали предвидениот број на мигранти кои ќе пристигнат оваа година во Европа преку источниот дел на Средоземното Море.
Во јануари се очекуваа околу еден милион лица, а сега предвидениот број е намален до 248.000 мигранти. Во него се вклучуваат и 156.000 лица, кои веќе пристигнале во Европа преку Медитеранот.
Прогнозирањето не го предвидува бројот за другиот главен миграциски пат кон Европа, а тоа е од Либија преку Средоземното Море до Италија.
Бројот на мигрантите, кои пристигнуваат во Европа преку Турција и Грција, значително е намален откако Анкара и ЕУ постигнаа договор за ограничување на миграцискиот прилив.
OhridNews
Извор:„МИА“