Канцеларијата на ОН за човекови права соопшти дека досега е потврдено оти во Украина загинале 227 цивили, а 525 се повредени.

Најголемиот број жртви се должат на употребата на експлозиви, гранатирања и тешка артилерија, но и како резултат на напади од повеќецевни ракетни фрлачи и воздушни напади, се наведува во соопштението на ОН од Женева.

ОН сметаат дека реалниот биланс е „значително поголем“, особено затоа што извештаите пристигнуваат со задоцнување од областите каде што се водат интензивни борби.

Руско Министерство за одбрана: Речиси 500 руски војници убиени во Украина

Речиси 500 руски војници се убиени од почетокот на војната во Украина, соопштија официјални лица од одбраната на Русија.

Загинаа 498, а уште 1.597 се ранети во изминатите седум дена, тврди руското Министерство за одбрана во својот прв извештај за воени жртви откако земјата го нападна својот источноевропски сосед минатата недела. 

Украина: Досега се убиени над 7.000 руски војници

Во Украина досега се убиени повеќе од 7.000 руски војници, изјави Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Стотици руски војници се наоѓаат во заробеништво, додаде Арестович.

OhridNews