Во Основното музичко училиште „Методи Патче“, денеска, 1 јуни, почнува уписот за новата учебна година 2020/21 за ученици во прво и четврто одделение. Поради актуелната состојба, пријавувањето на кандидатите ќе се врши по електронски пат, по што истите ќе бидат контактирани од училиштето.

Како што веќе информиравме, во прво одделение ќе можат да се запишат ученици кои кои ќе учат пиано и виолина, додека во четврто одделение ќе се учи: флејта, гитара, кларинет и хармоника, информира ОМУ „Методи Патче“.

Почнуваат уписите во ОМУ „Методи Патче“

Во рамки на уписот ќе се одржи аудиција, за која кандидатите дополнително ќе бидат информирани.

Уписите ќе се одвиваат до 10 јуни.

OhridNews