Основното музичко училиште „Методи Патче“ деновиве го објави конкурсот за упис на уленици во  наредната школска година. Од школската  2008/2009 заинтересираните ќе можат да се запишуваат во реформирано музичко образование и тоа:

–    Деветгодишно за инструментите пијано и виолина
–    Шестгодишно за флејта, гитара, хармоника и кларинет

како и во Основно музичко образование по програма во насоките:

–    Седумгодишно за пијано, виолина и флејта
–    Петгодишно за гитара, хармоника и кларинет


започнаа уписите во ОМУ „Методи Патче“

Уписот трае од 26, мај до 10. јуни 2008, за сите ученици од редовното училиште кои во учебната 2008/2009 ќе бидат прво и трето одделение во деветолетка, односно трето и четврто одделение-осмолетка.
Од наредната учебна година не се потребни посебни услови за упис во основното музичко уличиште освен извод од матична книга на родени.

ohridnews