Учениците на Основното музичко училиште ” Методи Патче” се вратија со голем број награди од третиот Меѓународен фестивал за пијано, виолина и гитара,  кој се одржа во Аранѓеловац, Србија од 15 до 21 март.

-На фестивалот пријавивме 7 ученици од нашето музичко училиште и се вративме со 7 награди од кои 5 први, 1 втора  и 1 трета награда-вели Нина Момироска, директор на ОМУ “Методи Патче”од Охрид.

Таа објасни  дека најголем успех постигнале  Анастасија Милеска и Дејан Милески од  класата на проф. Александар Крстаноски, кои освоиле прво место во гитара. Првото место во натпеварот по хармоника го освоил Филип Гаврилоски од класата на проф. Наумче Дзуклески, а во истата класа втората награда му припаднала на Томислав Нестороски. Во категоријата пијано, првото место му припаднало на Дамјан Милески од класата на проф. Ана Булоска, а носител на прва награда во оваа категорија била  и  Андреа Јованоска од класата на проф. Емилија Маринова. Во силната конкуенција од класата на виолина на проф. Елица Дзуклеска, Севил Селман  ја освоила третата награда.

На Меѓунаодниот фестивал за пијано, виолина и гитара во Аранѓеловац, учествувале ученици од Македонија, Србија,  Хрватска , Босна и  Херцеговина  и  други држави.

OhridNews