Учениците од музичкото училиште „Методи Патче“, синоќа во Центарот за култура го одржаа традиционалниот Новогодишен концерт. Се претставија 21 солист со дела од Шуберт, Чајковски, Шопен, Моцарт и др. Концертот го завршија училишниот хор и оркестар кои изведоа традиционални новогодишни мелодии.
Учениците – солисти добро ги имаа совладано делата кои ги изведуваа, па
иако понекогаш можеше да се слушне „фалш“ нота, тоа не го расипа
одличниот впечаток. Иако не сум музички критичар, ми се допаднаа
изведбите од Тамара Џајковска на флејта и Ѓорѓи Петровски на виолина.


Филип Бараковски – виолина


Ибраим Орхан – кларинет

Хорот беше подобар од оркестарот, за да функционираат подобро веројатно им требаат повеќе настапи заедно. Диригент  на концертот беше професор Кирил Белистојаноски. Пијано придружба  беа професорите Ана Булоска, Даниел Чуркоски и Билјана Зафировска.


Охрид, 26.12.2006

С. Костоски