Празникот Осми март беше повод своето музичко знаење да го покажат учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“. Пред своите професори и родители, во салата на училиштето одржаа 90 – минутен концерт. Приликата да покажат колку напреднале во совладувањето на училишниот материјал, 30 – тината ученици кои настапија вчера вечер ја искористија многу добро и сите настапи беа поздравени со аплаузи од стотината посетители. Како што најавија во уводот, концертот го посветуваат не на датумот туку посебно на жената – мајка.
Од училиштето уште информираат дека следен значаен настан во нивното работење ќе биде државниот натпревар (виолина и клавир) кој ќе се одржи кон крајот на април во Битола. Иако сеуште не е одлучено кои, школото сигурно ќе пријави неколку кандидати за натпреварот. Да потсетиме, пред неполни три недели, младата пијанистка Кристина Базгалоска, ученичка во „Методи Патче“ освои прво место на интернационален натпревар на млади музичари во Белград.
С. Костоски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com