Концертна сала ќе се гради во Основното музичко училиште. Според локалната самоуправа, неопходна е потребата од изградба на концертна сала во музичкото училиште.
Согласност за изградба на концертната сала во ОМУ „Методи Патче“ има во сите општински институции, а реализцијата на оваа идеја во најмногу ќе зависи од финансиските средства. Според планот во оваа сала ќе биде сместен новиот концертен клавир, вреден 30.000 евра, донавија од Лихтенштајн. Клавирот пред се е наменет за учење и промоција на млади музички таленти и оттаму местото му е во концертнта сала на основното музичко училиште, велат од локалната самоуправа. Додека таа не биде изградена клавирот ќе се чува во општината.