Охриѓани и угостителските објекти во градот полека се навикнуваат на новата реалност без полициски час. Довербата се гради внимателно, но животот во угостителските објекти во градот се враќа. А угостителите, пак, ги враќаат препознатливите услуги кои беа секојдневна навика на гостите.
Популарниот кафе и лаунџ бар „La Fabrique“ за време на паузата го освежи амбиентот, а просторот на терасата го адаптира согласно Протоколот за заштита од Ковид 19.
Од викендов „La Fabrique“ ја врати и доставата на храна до домовите на охриѓани. Вкусна пица од извонредното мени на „La Fabrique“, пастрмалјија, сендвич, даска или десерт, изборот е исклучително голем, а услугата брза и квалитетна.
Може да нарачате од 08 – 22 часот на добро познатиот број: 071 355 888 и вашето омилено јадење стигнува за час. – порачуваат од „La Fabrique“.
OhridNews