Креативниот тим на „Sky Corner“ повторно пријатно ги изненадува клиентите. Водејќи се од потребите кои ги налага новото време, хотел-ресторанот со уникатен поглед на Охрид воведе нова услуга „Е-кујна“, со која омилените јадења и слатки направени од врвните готвачи и слаткари, со еден клик стигнуваат во вашиот дом.

Имено, „Sky Corner“ креираше специјализирана веб страна e-corner.mk, каде може да ја погледнете извонредната понуда на кулинарски специјалитети и напитоци, онлајн да изберете, да нарачате и да платите. Доставата  до посакуваната дестинација во градот ќе пристигне за само 50 денари доколку нарачката е до 500 денари, а над оваа сума таа е бесплатна.

Новата е-услуга на „Sky Corner“ овозможува комбинирање на саканите јадења, како и избор на  омилениот додаток. Доставата, по претходна нарачка, ќе се врши во периодот од 08 до 22.30 часот, секој ден во неделата. – информира менаџерскиот тим на „Sky Corner“ .

Промотивно од денеска до 1 декември, специјалитетите од е-менито на „Sky Corner“ имаат попуст од 15%.

OhridNews