Милионерите од целиот свет своето време и пари најчесто ги трошат на Азурниот Брег, покажало истражувањето на компанијата за недвижности “Savilis”. На листата биле уште и Монако, Италија, Аспен… Нивното присуство во овие земји и градови значително ја подигнало цената на недвижностите,. така да сега куќа на Азурниот брег чини повеќе од 28,5 милиони долари, па токму поради овие цени ова место се наоѓало на првото место на оваа листа. Коста Смералчда во Италија се наоѓа на второто место, а една петособна куќа тамо се проценува на 11 милиони долари. На третото место бил Сент Барнс, додека на четвртото популарното американско одморалиште Аспен.

Петото место го зазело кралството Монако, чии недвижности моментално цредат од 24 милиони долари нагоре. Истражувањето исто така се фокусирало и на местата кои богатите од разни места на светот сакаат да ги посетуваат. Така може да се заклучи дека американците најмногу време и пари трошат на Карибите, како и на места како Аспен, Ваило и Монтереј. Од друга страна, богатите руси обично купуваат викендички на Медитеранот, Јужна Франција и Италија, додека богатите семејства од Блискиот Исток доминираат во соседските земји како Дубаи и Абу Даби.