Во период од седум дена од 3-9 Јануари, во Охрид се регистрирани 245 случаи на Ковид-19. Според анализата на Институтот за јавно здравје, заклучно со 9 Јануари, активни се 392 случаи. Од почетокот на пандемијата на теритиорија на Охрид, регистрирани вкупно 7.128 заразени од кои  6.434 се оздравени пациенти, а со смртен исход завршиле 302 од случаите.

Во периодот од 5-10.01.2022 година во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, направено е секвенционирање на позитивни примероци, при што кај 27 случаи во Охрид е детектирана Омикрон варијантата.  Оваа варијанта е детектирана во уште 11 други градови во државава, односно кај 104 случаеви од секвенционирани 152 позитивни примероци.

На подрачјето на ЦЈЗ Охрид две дози на вакцина примиле 42,4 отсто од вкупната популација, односно 48,1 отсто од населението над 12 години или 52 % од населението над 18 години.
Согласно податоците од ИЈЗ, од подрачјето на ЦЈЗ Охрид, најмалку вакцинирани има на подрачјето на Дебар 29,5 %, потоа Струга 37,8 %, додека во Охрид вакцинирани со две дози се 54,8 отсто од вкупната популација односно 62.2 % од населението над 12 години, или 67 % отсто од населението над 18 години.

 

OhridNews