“Премиерот Груевски го искористи подиумот на ОН за убедливо да ја раскаже приказната за борбата на Македонија за името и идентитетот нагласувајќи дека ” шовинизмот ” никогаш не била доминантна карактеристика кај Македонците”, изјави претседателот на ОМД Методија А. Колоски.
Според него говорот на Груевски е најдиректниот говор што некој македонски лидер го имал во Обединетите нации. Што се однесува на проблемот на Грција со името на Македонија, Колоски најави дека македонската дијаспора е подготвена да и помогне на Македонија и нејзиното раководство за да се заштити името на Македонија, нејзиниот идентитет и јазикот.