Олујно невреме, некаде проследено со град, ги зафати попладнево северните и североисточните делови на Словенија, а во текот на ноќта ќе се прошири и на останатите делови на земјата, јавува „Макфакс“.

 

Државната управа за заштита и спасување јавува за поплави, одрони на земја и оштетени локални патишта на подрачјето на Словењградец и Шентиљ, додека во Марибор биле поплавени некои подвозници и паѓал град.

Надлежните служби најавуваат во текот на ноќта силни локални бури со дожд и удари на ветер, а во некои делови и град.

Возачите се предупредени во случај на пороен дожд или град, да не запираат под мостовите или во тунелите, бидејќи таму најчесто доаѓа до налети на автомобили и несреќи.

OhridNews
извор: „Макфакс“