Археолози открија оловен саркофаг и насликани фрагменти под денешното ниво на подот на катедралата Нотр Дам. Откритието најверојатно нуди нов увид во историјата на ова здание од 13. век, коешто во мигов се реконструира по катастрофалниот пожар од 2019 година.

Во трансептот на катедралата – преграда поставена попречно на надолжните делови што го одвојуваат светилиштето од остатокот од црквата – откриени се фрагменти со извонреден научен квалитет… Истражувањата продолжуваат од 25 март, изјави француската министерката за култура, Розелин Башело.

Кристоф Бесние од Националниот археолошки институт на Франција, објасни дека тоа го откриле со мала камера.

Внатре таа детектира остатоци од ткаенина и органска материја, влакна и остатоци од растенија. Фактот што растенијата се сѐ уште таму, укажува дека содржината е многу добро сочувана, појасни тој.

Археолозите веруваат дека саркофагот веројатно припаѓал на некој висок големец и потекнува од 14 век, што доколку се потврди, би било спектакуларно откритие.

OhridNews