Актерите Оливија Вајлд и Џејсон Судеикис го очекуваат своето прво дете, пренесуваат светските медиуми. Парот се верил во јануари. Ова ќе биде прво дете за двајцата актери и втор брак за обајцата. Оливија се развела од авторот на документарни филмови Тао Русполи во 2011, додека Судеикис се развел од сценаристката Кеј Кенон во 2010 година.

Вајлд е најпозната по улогите во серијата „Др. Хаус“ и филмовите „Трон“ и „Каубои и вонземјани“. Судеикис слава стекнал со појавувањето во хумористичната програма „Saturday night live“ и филмот „Запознајте ги Милерови“.