Оливија Вајлд стана мајка. Атрактивната актерка во средата родила син. Момчето, кое Оливија и нејзиниот вереник Џејсон Судеикис му дале име Отис Александер на свет дошло две седмици пред терминот. Убаавата актерка веста со обожавателите ја поделила преку Твитер, поставувајќи фотографија на која во прегратки го држи новородениот син.
Парот се верил во јануари. Обајцата веќе биле во брак. Вајлд се развела од авторот на документарни филмот Тао Русполи во 2011 година, додека Судеикис се развел од сценаристката Кеј Кенон во 2010 година. Вајлд е најпозната по улогите во серијата “Dr. Haus” и филмовите „Трон“ и „Каубои и вонземјани“. Судеикис слава стекнал со појавувањето во хумористичната програма „сабота навечер во живо“ и филмот „Запознајте ги Милерови“.