Бидејќи е позната како водечка светска трендсетерка, не е тешко да се заклучи дека во пространата гардероба на Оливија Палермо се кријат најновите парчиња од светските модни писти. Њујоршката богаташка, чиј стил инспирира милиони жени од светот, оваа сезона како моден диктат наметнала чанта со реси, на која не и требало долго да стане најпосакуваниот модел на сезоната.
Се работи за моден додаток од Каролина Херера, која инспирирана од своето домашно милениче, чантата ја нарекла Гаспар. Оваа елегантна креација заживеала во знакот на бројните кожни ресички и како софистициран детаљ добила долга кожна рачка со златен синџир. Чантата вредна 1 170 долари Оливија ја комбинирала со прекрасни парчиња облека во црно-бело издание и интересни чевли со цветен вез.
извор:fashion.hr