Студентката од Бостон Оливија Кулпо, која има 20 години, станала Мис Универзум. Цел свет бил воодушевен од убавината на Американката која паднала за време на дефилето и ги поразила останатите 88 натпреварувачки од целиот свет. Таа титулата за најубава жена на светот ја вратила во САД после десет години, а за тоа најмногу допринело нејзиното појавување во виолетов костим за капење и црвен свечен фустан. Светот полудел по неа.
Оливија истакнала дека се чувствува како бубалица која е опседната со свирење вионлончело. Покрај титулата добила и стан во Њујорк, пари, луксузна гардероба и козметика. Иако обложувалниците типувале на претставничките на Еквадор и Јужна Африка, но тие не се нашле ниту меѓу првите три.  Мис Филипини Џанин Тугонон го освоила второто место, додека Мис Венецуела Ирене Софија Есер Кинтеро била трета.