Најуспешната македонска параолимпијка Оливера Наковска Бикова постигна огромен успех на Европското првенство во норвешкиот град Хамар, освојувајќи го златниот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.
До својата втора европска титула во кариерата, Наковска Бикова дојде со одличен настап во финалната серија, откако во квалификациите заврши третопласирана.
Честитки по повод европската титула до Наковска Бикова и нејзиниот тренер, прославениот македонски параолимпиец Бранислав Јовановски, испрати Агенцијата за млади и спорт, најавувајќи свечен прием за идната недела.
OhridNews
Фото: Миа