Американскиот режисер Оливер Стоун вели дека сака да сними документарен филм за Владимир Путин и да направи интервју со претседателот на Русија, како би го прикажал „аголот на гледање за кој американците не сакаат ниту да слушнат“. Оскаровецот Стоун моментално е во Москва, каде работи на филм за поранешниот соработник Едвар Сноуден.

Со овој проект тој ќе ја продолжи низата остварувања меѓу кои се и филмовите за Хуго Чавез, Фидел Кастро и поранешните американски претседатели Ричард Никсон, Џон Ф. Кенеди, и Џорџ Буш помладиот. Стоун рекол дека би разговарал со Путин како би покажал агол на гледање за кој американците не сакаат да чујат. Додал дека би сакал да направи филм за него.