Режисерот Оливер Стоун не можел да го тргне погледот, а ниту рацете, од бујните гради на актерката Селма Хајек на премиерата на филмот  “Savages” во Лондон. Нејзините гради биле како магнет за неговите раце, кои цело време на црвениот тепих се обидувал да ги задржи во нејзиниот фустан. И додека Селма, која во филмот игра шеф на нарко картел постојано се смеела, Сопругата на Стоун, со која е 15 години во брак, најверојатно нема да биде импресионирана со овие фотографии.

Селма пак, која освен по глумата е позната и по по своите гради, признала дека не била отсекогаш така надарена. Гостувајќи во шоуто кај Дејвид Летерман открила дека на училиште била рамна како даска, додека на нејзините другарки градите им растеле на големо.