Хрватската културна сцена и воопшто земјата се вознемири за веста за тешката болест на пејачот Оливер Драгојевиќ. Како што пренесува „Index.hr“, Драгојевиќ има големи проблеми со плуќата.


Драгојевиќ покрај болеста која му била неодамна дијагностицирана останува оптимист и не се предава од битката предвреме. Пејачот веќе почнал со првичните терапии и будно се следи секоја негова промена.

70-годишниот пејач е многу популарен во Хрватска и на Балканот, а може да се пофали со настапи во престижните градови како Њујорк, Лондон, Парис и Сиднеј.

OhridNews